logo
logo
logo

ОГНОТ ЗАФАТИ ДЕЛ ОД ФАБРИКА ЗА МЕБЕЛ „ИСТРА“ ВО КОЧАНИ – брзата реакција ги спаси соседните објекти

Vecer | 09.09.2026

ОГНОТ ЗАФАТИ ДЕЛ ОД ФАБРИКА ЗА МЕБЕЛ „ИСТРА“ ВО КОЧАНИ – брзата реакција ги спаси соседните објекти

Пожар избувна вчера во фабриката за маси и столови „Истра” од Кочани, при што бил зафатен дел од внатрешноста на објектот.

Интервенирале три противпожарни возила и пет пожарникари, па пожарот бил изгаснат пред да се префрли на халата во која е сместен Кам маркет – информира Територијалната противпожарна единица Кочани.

Едно лице побарало лекарска интервенција поради вдишување на чад, а други повредени нема. Предизвикана е материјална штета која допрва ќе се проценува.

Засега нема официјална информација за причините поради кои избувнал пожарот. За случајот e известено и ОВР Кочани.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои три се активни, а седум се под контрола.

Центарот за управување со кризи информира дека активни се пожарите меѓу селата Буринец – Локов – Селце – Елевци во општина Струга, кај селото Белица, месноста Кајорец кон селото Брезица во општина Македонски Брод и селото Брест кај месноста викана Рамно во општина Чучер – Сандево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk