12 ЧАСА ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ КРИВА ПАЛАНКА - Екипите неуморно се борат со огнот

Vecer | 09.08.2026

12 ЧАСА ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ КРИВА ПАЛАНКА - Екипите неуморно се борат со огнот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Голем пожар од вчера попладне ја зафати депонијата за комунален отпад во близина на Крива Паланка, а огнената стихија и по повеќе од 12 часа се уште не е целосно ставена под контрола. Екипите се непрекинато на терен и со сите расположливи капацитети работат на локализирање на пожарот и спречување на негово понатамошно ширење.

На терен се ангажирани екипите и механизацијата на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ Крива Паланка.

Помош на терен пристигнала и од соседната Општина Ранковце, како и од локални компании и граѓани со сопствена механизација.

„Обемот на пожарот е сериозен и повеќе од 12 часа континуирано се преземаат активности за негово локализирање и ставање под контрола. Во моментов сите расположливи капацитети се насочени кон справување со пожарот и спречување на негово понатамошно ширење“, соопштија од Општина Крива Паланка.

Од локалната самоуправа упатија благодарност до сите екипи, компании и граѓани кои се вклучија во гаснењето, додавајќи дека активностите на терен продолжуваат без прекин, а јавноста ќе биде навремено информирана за состојбата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk