logo
logo
logo

Шверц преку пошта: ТЕТОВЕЦ УАПСЕН ЗА 700 ГРАМА ХАШИШ ОД ШПАНИЈА

Vecer | 02.10.2026

Шверц преку пошта: ТЕТОВЕЦ УАПСЕН ЗА 700 ГРАМА ХАШИШ ОД ШПАНИЈА

Хашиш со тежина од 700 грама, е откриен од страна на царински службеници при контрола на поштенска пратка од Шпанија, која ја нарачал македонски државјанин Р.В. од Тетово. Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и против него е поднесена кривична пријава до надлежно јавно обвинителство.

Како што информира Царинската управа, случајот е откриен кога пратката која била пристигната во царинската испостава Пошти е селектирана за детална контрола, по што при нејзино отворање во неколку херметички затворени кеси се пронајдени седум пакувања со зелена цврста материја. Веднаш се повикани тимови од Одделението за оперативни работи, при што откако царинско куче детектирало присуство на дрога во пратката, извршено е тестирање на материјата со коешто е потврдено присуство на ТХЦ.

Во моментот кога Р.В. ja подигнaл пратката, истиот е приведен од страна на инспектори од Одделението за истраги и против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Дрогата по налог на јавен обвинител е испратена на вештачење при што е утврдено дека станува збор за хашиш и истата е запленета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk