Се поништуваат предмети за луѓе од ДУИ

„ПРОВЕРЕТЕ КОИ СУДИИ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ“: Мицкоски со критики за работата на Врховниот суд

Vecer | 12.11.2026

„ПРОВЕРЕТЕ КОИ СУДИИ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ“: Мицкоски со критики за работата на Врховниот суд
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претседателот на Владата го впери прстот во највисоката судска инстанца во државата за недовербата на македонските граѓани во судството.

„Каква е одговорноста на Врховниот суд? Дали некој прашува како работи Врховниот суд? Зошто кривичниот оддел при Врховниот суд континуирано поништува дела каде што се засегнати функционери од ДУИ и ги враќа во прв степен за да застарат? Граѓаните се шокирани од ваквите одлуки. Затоа велам може да имате прекрасни судии, и има прекрасни судии со одлуки поврзани со правото стотици, но една ваква одлука се’ поништува. Затоа што ова е политички сензитивна одлука, кога вие како судии во Врховен суд ќе вратите дело кое што поминало во Основен и на Апелација повторно на почеток, затоа што знаете дека тоа дело ќе застари и нема време лицето да биде правосилно осудено“, истакна Мицкоски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Тој ги повика медиумите да ги проверат судиите кои учествувале во носењето на одлуките за случаите „Ласкарци“ и „Модуларната болница“ и зошто се донесени таквите пресуди, кои, според него, ги фрустрираат граѓаните и него лично, бидејќи создаваат чувство дека нема борба против криминалот.

„Сте слушнале ли за отчет на Врховниот Суд, еве за Кривичниот оддел? Сте виделе ли вие кои се таму судии во кривичниот оддел? Еве проверете.“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk