ПРОТИВ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ веќе се изјаснуваат и други етнички заедници освен Маедонците

Vecer | 12.11.2026

ПРОТИВ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ веќе се изјаснуваат и други етнички заедници освен Маедонците
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Најновите истражувања на јавното мислење спроведени во текот на октомври за потребите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ покажуваат интересен политички парадокс: и покрај тоа што стабилни две третини од македонските граѓани и понатаму даваат цврста поддршка за евроинтеграцискиот процес и членството на земјата во Европската Унија, истовремено бележи значителен пораст бројот на оние кои се противат на промената на Уставот како предуслов за отклучување на европскиот пат.

Според податоците од анкетите, овој отпор кон уставните измени повеќе не е карактеристичен исклучиво за македонската етничка заедница, каде што дури 80 отсто од испитаниците се изјасниле против нивно спроведување под бугарски диктат, туку е забележан и забележлив пораст на скептицизмот и кај останатите етнички заедници во државата. Овие податоци укажуваат на длабока загриженост и општествено преиспитување во врска со наметнатите надворешни услови, што дополнително ја комплицира политичката динамика и прашањето за наоѓање национален консензус околу европските обврски на земјата.

Што се однесува до партиските рејтинзи, како што веќе објавивме, во убедливо водество е ВМРО-ДПМНЕ, со доверба од 24%, а далеку позади се СДСМ, со скромни 8,5%, ДУИ со 7,9%, а коалицијата Вреди бележи 7,1%. Левица има доверба од 6%, додека движењето ЗНАМ има рејтинг од 2%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk