БЕЗБЕДНОСТА Е ПРЕД СÈ - Привршува реконструкцијата на жичарницата на Водно

Vecer | 12.11.2026

БЕЗБЕДНОСТА Е ПРЕД СÈ - Привршува реконструкцијата на жичарницата на Водно
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

„Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нè носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нè потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сè. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој додаде дека се во тек зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

„Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје“, објави Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk