АПСЕЊА ВО МАКЕДОНСКИ ШУМИ поради незаконско постапување со дрвна маса

Vecer | 10.10.2026

АПСЕЊА ВО МАКЕДОНСКИ ШУМИ поради незаконско постапување со дрвна маса
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Директор на подружница на ЈП „Национални шуми“ и вработена во претпријатието биле приведени во изминатите денови во рамки на повеќе постапки поврзани со сомнежи за незаконско постапување со дрвна маса, информира заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов.

- Повикан на службен разговор актуелниот директор на ПШС “Бор” Прилеп за настан во кој се одземени две товарни возила, а ден претходно е приведена наша вработена од ПШС “Бабуна” Велес, колеги за кои според МВР постојат сериозни докази и индиции дека злоупотребиле службена положба и се огрешиле пред законите во Македонија!

- Пред неколку е дена поднесена сериозна кривична пријава за наш вработен во подружницата во Свети Николе, директор од времето на претходната владеачка гарнитура од СДС и ДУИ и правно лице од Бузалково за штета од преку 50 илјади евра! Во изминативе седум дена одземени се неколку камиони на тендераши и дрвокрадци, а од правно лице во Скопје се конфискувани околу 400 кубика огревно дрво чија вредност е околу 30 илјади евра! Не знам кој и колку ме верува и разбира кога велам дека правдата важи за сите и дека нема големи и мали, наши и ваши, едноставно е, секој кој се огрешил пред Законот ќе одговара! Заврши времето КАКО ДО СЕГА, вели Михаилов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk