logo
logo
logo

ЦЕНЗУРА ВО 21 ВЕК: ШТО КРИЕ ГОРАН „БЕТОЊЕРКА“ ГЕРАСИМОВСКИ ЗА ДУП „БАРУТАНА“?

Vecer | 12.09.2026

ЦЕНЗУРА ВО 21 ВЕК: ШТО КРИЕ ГОРАН „БЕТОЊЕРКА“ ГЕРАСИМОВСКИ ЗА ДУП „БАРУТАНА“?

Покрај бетонирањето на Центар, Горан Герасимовски сега ја бетонира и цензурата.

Општина Центар вчера покажа како изгледа „транспарентноста“ на Горан Герасимовски – официјалната снимка од седницата на Советот прекинува токму во моментот кога советничката од ЗНАМ, Александра Цветановска, во рамки на дискусијата за спорниот Нацрт-ДУП „Барутана“, зборува за слободата на изразување, притисоците врз советниците и обидите за

цензура во Советот.

Цветановска предупредува и на опасниот преседан што се воспоставува – градоначалникот да може, кога сака, да зборува за која било тема што не е на дневен ред.

Снимката прекинува. Дискусијата исчезнува. А потоа преносот „случајно“ продолжува.

Ова не може да биде премолчено и претставено како обична техничка грешка.

Додека граѓаните на јавната презентација зборуваа за совест, одговорност и заштита на Водно, Герасимовски не беше таму да ги слушне. Наместо да присуствува на презентацијата за „Барутана“, тој беше на прес-конференција за музички настан.

Герасимовски, од кого се криете – од граѓаните или од вистината?

Што е поважно: прес-конференцијата за музички настан или урбанистичкиот план што може трајно да го промени ликот на Водно, Центар и Скопје?

Што се обидува да скриe зад прекинатите и исечени кадри?, прашуваат од движењето ЗНАМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk