Предупредување дека е забележана мечка во близина на куќите во Дебреште е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на селото.

Мечката е видена во близина на резервоарот во Дебреште, на околу 30 метри над првите куќи.
„Се предупредуваат жителите да бидат крајно внимателни, особено во вечерните и раните утрински часови. Избегнувајте движење во тој предел, не пуштајте деца сами и внимавајте на домашните животни. Доколку ја забележите мечката, не ѝ се приближувајте и не обидувајте се да ја бркате или фотографирате одблизу“, се наведува во предупредувањето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата