logo
logo
logo

МД „Илинден“-Тирана: Неприфатливи се обидите за одземање на правото на глас на дијаспората

Vecer | 07.07.2026

МД „Илинден“-Тирана: Неприфатливи се обидите за одземање на правото на глас на дијаспората

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана во соопштение за јавноста ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија.

Здружениетео оценува дека таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората.

„Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред сè, поради нашето потекло, грижата за татковината и нераскинливата врска што ја имаме со Македонија“, се вели во соопштението.

Во соопштението на „Илинден“-Тирана се додава дека Македонците надвор од Македонија се важен партнер на својата татковина и интегрален дел од нејзиниот развој.

„Нашиот придонес е особено значаен во надворешната политика, економијата, културата и во промоцијата на Македонија во светот. Поради тоа, Македонците надвор од Македонија мора да продолжат да го уживаат своето уставно и демократско право на глас“ – се нагласува понатаму во соопштението потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.

Друштвото ги повикува сите политички субјекти во Македонија да покажат почит и јасна заложба кон Македонците во дијаспората, со единствена цел – заеднички напредок и посилна Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk