На 103-годишна возраст, почина доктор Никола Стојановски, истакнат педијатар, долгогодишен здравствен работник и јавен деец, кој остави значаен белег во македонското здравство и општествениот живот.
Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на Македонија, кој заседаваше на неговото конституирање на 8 јануари 1991 година, како и последниот жив партизан учесник во НОБ. Како највозрасен пратеник, Никола Стојановски беше прв претседавач и ја водеше седницата сè до изборот на Стојан Андов.
Тој беше и учесник во штрајкот на велешките гимназијалци од март 1942 година, против користењето на бугарскиот јазик во наставата.
Беше и долгогодишен претседател на Сојузот на борци. објави Скопје1.мк
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата