logo
logo
logo

Случај НЕПОТРЕБНИ ОПЕРАЦИИ НА СРЦЕ - Ова го спречува Клековски да поведе постапка

Vecer | 29.09.2026

Случај НЕПОТРЕБНИ ОПЕРАЦИИ НА СРЦЕ - Ова го спречува Клековски да поведе постапка

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска изјави дека Владата има донесено заклучок во врска со извештајот за наводно непотребните операции на срце, но дека во моментов не може да постапи бидејќи сè уште нема безбедносен сертификат.

Клековски рече дека поднел барање за издавање на сертификатот и го поминал потребното интервју, а очекува по исполнувањето на законските услови да може да преземе соодветни дејствија.

„Секако има заклучок на Владата, само што јас не можам во моментот да постапам бидејќи сè уште немам сертификат за државна безбедност, односно безбедносен сертификат. Јас имам аплицирано, го поминав интервјуто и очекувам дека штом се создадат законски услови ќе го направам тоа, како што имам направено за сите претходни случаи каде што имаме сомнеж за сторен криминал“, рече Клековски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk