logo
logo
logo

ЦУК: Утринава нема активни пожари,16 - те регистрирани се под контрола

Vecer | 29.07.2026

ЦУК: Утринава нема активни пожари,16 - те регистрирани се под контрола

Во државава нема активни пожари заклучно со 7 часот утрово. Изгаснати се 16-те пожари кои биле активни на отворен простор во 10 општини, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи.

Според ЦУК, се интервенирало на гаснење на два пожара во општина Прилеп, со кои под репетиторот на „МТВ“ и Манастирот „Трескавец“ биле зафатени ниска вегетација, шипови и леска, како и ниска вегетација на местото викано Заград – Десовски пат.

Во село Бучим во општина Радовиш се запалиле тракторска приколка, бали слама и сушара за сушење на тутун, во општина Гостивар гореле ниска вегетација на ул. „Боге Вељаноски“ и дрва на ул. „Балиндолска“, отпад на ул. „Октомвриска револуција“ во општина Куманово.

Во Сарај со пожар биле зафатени стрниште во Горно Свиларе, мешана шума во Радуша, ѓубре кај наплатна рампа Глумово, во општина Долнени ниска ветегација во село Бело Поле, а во општина Валандово стрниште во село Брајковци.

Интервенции имало и во општина Велес, во местото Дурутовец (ниска вегетација, грмушки и деградирана шума) и на патен правец Скопје – Велес (ниска вегетација), како и во Тетово на ул. „Вонвардарска“ (ѓубре) во Гази Баба во село Јурумлери (ѓубре) и во општина Битола во село Оризари, каде горела ниска вегетација, информираат од ЦУК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk