НЕМА ВЕЌЕ КАЗИНА ДО УЧИЛИШТА: Донесен новиот Закон за игри на среќа

Vecer | 29.06.2026

НЕМА ВЕЌЕ КАЗИНА ДО УЧИЛИШТА:  Донесен новиот Закон за игри на среќа
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Собранието на денешната 109. седница го усвои новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, ја продолжи кризна состојба на дел од територијата на државата.

Законот за игрите на среќа беше изгласан со 60 гласа „за“ и 20 „против“.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски изјави дека законот предвидува објектите за приредување игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, мерено по најбезбедната пешачка рута.

Тој посочи дека со новите законски решенија значително се ограничува рекламирањето на казината и обложувалниците. Светлечките реклами ќе бидат забранети, а ќе биде дозволена само табла со називот на приредувачот, со максимални димензии од 100 на 30 сантиметри, без промотивни пораки.

Дополнително, законот воведува задолжително GPS-поврзување на апаратите и казината со Управата за јавни приходи, со цел подобар надзор, дигитализација на секторот и полесно откривање на нелиценцирани приредувачи на игри на среќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk