11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали

Vecer | 11.10.2026

11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Денес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на нардоното востание – 11 Октовмри.

Денес им се поклонуваме на храбрите борци и на нивните идеали за слобода. Благодарение на нивната пожртвуваност, денес ние живееме во слободна татковина.

На овој голем ден ја славиме решителноста на македонскиот народ за слобода и создавање самостојна и независна држава. Тие идеали и денес нe водат во создавањето подобра сегашност и подобра иднина за генерациите што доаѓаат.

ВМРО-ДПМНЕ непоколебливо го следи заветот што го оставија храбрите борци. Обединети и сплотени, да го продолжиме стремежот на борците од НОБ за да имаме попросперитетна Македонија, да го вложиме своето знаење и труд во негувањето и развојот на нашата татковина. Се залагаме за зачувување, развој и напредок на македонската држава, за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани.

Да ги пренесеме идеалите на младите генерации и самата идеја да се живее и расте во сопствена, самостојна и независна држава, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Нека е честит 11 Октомври, Денот на народното востание!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk