logo
logo
logo

ТАЛОГОТ СЕКОГАШ Е НА ДНОТО - СДС сами си се препознаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 04.08.2026

ТАЛОГОТ СЕКОГАШ Е НА ДНОТО - СДС сами си се препознаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСM се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата.Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како опозиција оти не се присутни во реалноста во која се опозиција, па се разголија сега и кажаа дека се себедефинираат како талог, а талогот секогаш паѓа на дно,обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Ги направија сите национални предавства, а јасно зборуваат и сега дека веднаш би направиле нова отстапка и ново национално предавство, ако цената е права. Затоа зависат од секого и се лојални на секого, само не на сопствениот народ.

И јасно е одамна дека СДС е партија која делува спротивно на националните интереси и е лојална на надворешни влијанија, и затоа се самодефинираат и пронаоѓаат како талог.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk