logo
logo
logo

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА ПРОЕКТОТ - Градскиот воз превезе 1.500 патници за само три дена, во најава нови линии!

Vecer | 07.09.2026

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА ПРОЕКТОТ - Градскиот воз превезе 1.500 патници за само три дена, во најава нови линии!

Градскиот воз во Скопје за само три дена од стартот превезе околу 1.500 патници, а првичните анализи покажуваат дека интересот кај граѓаните е добар и се очекува бројката во периодот што следи значително да расте“, во гостување на ТВ Сител истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Плановит предвидуваат проширување на железничкиот сообраќај, со што повеќе приградски населби ќе бидат поврзани со Новата железничка станица во Скопје.

Првичните анализи се добри, за три дена имаше некаде околу 1.500 патници. Јас очекувам дека таа бројка ќе расте, дека за многу брзо време ќе надминеме и 100.000 патници. Нашата проценка е дека околу 200.000 жители се опфатени со правата линија од градскиот воз – рече Николоски.

Според него, веќе се работи на проектирањето на уште две траси, кои треба да го прошират опфатот на градскиот воз.

Првата планирана траса треба да се движи од Новата железничка станица преку Автокоманда, Маџари, Ченто и Илинден до Агино Село. Втората би го поврзувала северозападниот дел од градот, односно Нова железничка станица преку Бутел, Скопје Север, Волково и Ѓорче Петров до Сарај.

Николоски додаде дека со реализацијата на овие две линии би се создала железничка мрежа која ќе ги поврзе трите делови на градот и приградските населби кои гравитираат кон Скопје со Новата железничка станица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk