logo
logo
logo

ЕВРОКОНТРОЛ ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ - Скопје стана центар на регионот поради новата стратегија во транспортот!

Vecer | 07.09.2026

ЕВРОКОНТРОЛ ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ - Скопје стана центар на регионот поради новата стратегија во транспортот!

Македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот на патници кои ги користат Скопскиот и Охридскиот аеродром за само две години е двојно зголемен. Од околу два милиони патници годишно, колку што опслужуваа двата аеродроми во периодот кога беше избрана оваа Влада, годинава се очекува бројката да надмине или да биде блиску четири милиони, истакна во гостувањето во ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Кога ние бевме избрани, пред само две години, некаде околу 2 милиони патници имаа двата аеродроми, оваа година ќе поминеме 4. Тоа е резултат на една исклучително мудра политика која што ја водиме, не само на субвенционирање, туку на генерално на начин на работа на двата аеродроми. Се вложи многу, во моментов многу вложуваме на охридскиот аеродром, за многу брзо време ќе има многу убави вести. Така што, ако нешто ми дава уште поголема мотивација да работам, тоа е развојот на авио сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.

Тој потенцираше дека ваквиот начин на работа и менаџирање со аеродромите, беше препознаен и од ЕВРОКОНТОЛ, при што регионалниот состанок за Југоисточна Европа се одржа токму во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk