Сигурно сте се нашле во ситуација каде сте го испратиле вашето CV на десетици огласи, но сеуште немате повратен одговор од работодавците. Ниту едно интервју.
Можеби проблемот не е во вашето иксутсво, туку во вашето CV. Најчестата причина за ова е тоа што многу од кандидатите испраќаат исто, генерично CV за секој оглас.
Работодавците го разгледуваат вашето CV во само неколку секунди. Па затоа, доколку одвоите малку време и го прилагодите за секоја работна позиција, може да ги зголемите шансите вашето CV да биде разгледано.
Денес, со помош на AI алатки, тоа може да го направите за помалку од 5 минути.
Зошто е важно да го прилагодите вашето CV?
Пред вашето резиме воопшто да стигне до регрутерот, компаниите користат ATS (Applicant Tracking System), систем кој ги анализира сите CV-а и ги филтритра само најрелевантните за таа позиција.
Доколку вашето резиме не ги содржи клучните зборови што се наоѓаат во самиот оглас, многу е веројатно дека нема да биде понатака разгледано.
Исто така, доколку резимето ги помине ATS филтрите, регрутерите го скенираат документот во само неколку секунди. Во тој краток период тие бараат јасни докази дека вашето искуство, вештини и квалификации одговараат на барањата на работната позиција.
Затоа, прилагодувањето на CV за секој оглас има двојна улога - помага да помине низ ATS системите и истовремено остава прв впечаток на регрутерите.
Како да го прилагодите вашето CV со TailoredCV.ai
Наместо сами да го прилагодувате вашето CV, AI алатки како TailoredCV ќе ви помогне тоа да го направите преку едноставен процес од четири чекори:
Чекор 1: Прикачете го вашето CV
Прикачете го вашето постоечко резиме и започнете го процесот. Ако сеуште немате, можете да направите од почеток со TailoredCV, каде што можете да одберете од многуте формати за различни индустрии кои се дизјанирани за лесно да го поминат ATS системот.
Чекор 2: Додадете го огласот за работа
Копирајте го текстот од огласот и внесете го на платформата. AI ќе го анализира, ќе ги препознае клучните зборови, потребните вештини и информации што треба да ги истакнете во CV-то.
Чекор 3: AI го оптимизира вашето CV
Платформата автоматски го прилагодува CV-то според барањата на конкретната позиција, без да ги менува вашите лични податоци или работното искуство.
Чекор 4: Превземете го CV-то и аплицирајте
Откако процесот ќе заврши, можете да го превземете вашето оптимзирано CV во PDF формат и веднаш да аплицирате. Целиот овај процес обично трае помалку од 1 минута.
Како да добиете уште подобри резултати?
За да ги зголемите шансите за интервју, следниве чекори можат да ви помогнат:
- Прочитајте го огласот внимателно. Обрнете внимание на тоа кои вештини, технологии и искуства се споменуваат најчесто. Тие се клучните зборови кои регрутерот и ATS системите ги филтрираат и треба да бидат највидливи и во вашето CV.
- Истакнете го релеватното искуство. Доколку имате повеќе работни искуства или проекти, не ги опишувајте сите во детали. Внесете ги само оние што директно се поврзани со работата за која аплицирате.
- Прегледајте го пред да аплицирате. Прегледајте го финалното резиме за печатни грешки, дизајнот и форматот на брз и едноставен начин преку алатката за проверка на CV што TailoredCV ја нуди.
Заклучок
Прилагодувањето на CV-то за секој оглас е една од најдобрите стратегии ако сакате да ги зголемите шансите за интервју. И тоа не мора да ви одземе многу време. Со алатки како TailoredCV.ai, овој процес станува многу побрз и поедноставен. Доволно е да го прикачите вашето CV, да го додадете огласот и за помалку од една минута ќе добиете верзија оптимизирана за конкретната работна позиција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата