logo
logo
logo

Пијан влетал во погрешен стан и спиел со сосетката: Таа мислела дека е МАЖ и, потоа дошло до КАРАМБОЛ

Vecer | 05.07.2023

Пијан влетал во погрешен стан и спиел со сосетката: Таа мислела дека е МАЖ и, потоа дошло до КАРАМБОЛ

Необичен случај доаѓа од Германија, поточно од судот во градот Вурцбург. Сè се случило во мај минатата година, кога една жена го повикала својот познаник да преноќи во нејзиниот стан по ноќ исполнета со алкохол и забава во клуб, а му понудила и секс, пишува Феникс.

- Да го продадете ова некому како филмско сценарио, ќе го отфрли и ќе каже дека е невозможно - вака вишиот јавен обвинител го сумирал случајот.

А приказната оди вака, 48-годишниот Марко отишол да ја посети својата 62-годишна пријателка Сандра С. во Вурцбург. Пред тоа бил на забава. Таа му испратила СМС: „Клучот ти е над сандачето, дојди кога сакаш“.

И тој дошол. Со 1,8 промили алкохол во крвта. Влегол во погрешен стан, кај соседот. Било доцна во ноќта и сите светла биле исклучени, а мажот завршил во кревет со друга жена, 33-годишна сосетка.

Жената која во тој момент лежела во креветот помислила дека дошол нејзиниот сопруг и тие спиеле - тој мислејќи дека таа е неговата познаничка, а таа дека тој и е сопругот. Грешката ја забележале дури кога мажот и се обратил на жената со „Сандра“.

Стоеше гол пред мене, кошмар

- Веднаш го оттурнав и го запалив светлото. Стоеше гол пред мене. Тоа беше мојот кошмар – изјавила жената на суд, пишува германски Билд. Потоа таа врескала за помош. Нејзиниот сопруг притрчал и го претепал мажот со помош на своите пријатели.

 

seks

Случајот против мажот кој спиел со погрешна жена е прекинат во понеделникот и тој мора да плати отштета од 2.400 евра иако и тој самиот е жртва во целата приказна бидејќи бил претепан од сопругот на жената со која спиел и неговите пријатели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk