Парфемите на Бекам завршија на бензински пумпи – СЛЕДУВА ТУЖБА ОД 41 МИЛИОН ДОЛАРИ

Vecer | 18.11.2026

Парфемите на Бекам завршија на бензински пумпи – СЛЕДУВА ТУЖБА ОД 41 МИЛИОН ДОЛАРИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Компанијата „DB Ventures“ бара отштета од најмалку 41 милион долари поради наводна штета нанесена на нејзиниот углед.

Како што пренесува АП, во тужбата се наведува дека парфемите на Бекам – како што се линиите „Classic“, „Instinct“ и „Intimately“ – биле пронајдени во продажба во продавници со ниски цени, па дури и во корпи за распродажба на бензински пумпи.

Од „DB Ventures“ тврдат дека глобалниот бренд на Бекам е синоним за софистицираност, а ваквиот начин на продажба му го нарушил угледот и претставува прекршување на договорот за лиценцирање.

Компанијата „Coty“, која ги произведува и дистрибуира овие козметички производи, побара од судијата да ја отфрли тужбата, со образложение дека судовите во Њујорк немаат надлежност за овој случај.

Од компанијата исто така тврдат дека „DB Ventures“ го користи судскиот спор за да изнуди предвремено раскинување на договорот и пренос на лиценцата на друга фирма.

Правниот тим на „Coty“ изјави дека целосно ги оспорува наводите изнесени во тужбата.

Бекам е поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а беше и капитен на англиската репрезентација.

Минатата година, кралот Чарлс III му додели титула витез.

Весникот „The Sunday Times“ го вклучи Бекам на својата листа на најбогати луѓе во светот, при што богатството на неговото семејство се проценува на речиси 1,2 милијарди фунти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk