logo
logo
logo

ФАРАОНСКА СЕНЗАЦИЈА КАЈ КАИРО - Археолозите ископаа спектакуларна гробница стара 4.300 години

Vecer | 10.09.2026

ФАРАОНСКА СЕНЗАЦИЈА КАЈ КАИРО - Археолозите ископаа спектакуларна гробница стара 4.300 години

Египетското Министерство за туризам и старина објави спектакуларно археолошко откритие во близина на Каиро -  фасцинантна гробница стара дури 4.300 години, која датира од времето на Старото кралство.

Гробницата е лоцирана во прочуената и голема некропола Сакара, јужно од египетската престолнина, како резултат на долгогодишната соработка помеѓу египетско-шпанстиот тим составен од стручњаци од Автономниот универзитет во Барселона и Врховниот совет за старини на Египет.

Според официјалните податоци од локалните власти, новооткриеното почивалиште му припаѓало на маж по име Јунмен, кој во своето време ја извршувал високата и моќна функција на кралски судија, директно задолжен за сослушување на секојдневните претставки, поплаки и жалби на обичниот народ.

Ова историско откритие потекнува од периодот на владеењето на фараонот Џедкаре Исеси од Петтата династија, кој управувал со Египет во периодот помеѓу 2381. и 2353. година пред новата ера, исто време во кое се градени и импозантните пирамиди во Гиза и познатата степенаста пирамида во Сакара. Иако ископувањата се одвивале во текот на летото, јавноста дури сега ги доби комплетните детали за ова врвно светско археолошко достигнување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk