logo
logo
logo

БОКСОВИ ВО КОКПИТОТ! ПИЛОТИ СЕ СТЕПАА ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ - Екипажот помисли на најлошото!

Vecer | 30.09.2026

БОКСОВИ ВО КОКПИТОТ! ПИЛОТИ СЕ СТЕПАА ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ - Екипажот помисли на најлошото!

Паниката околу наводното киднапирање на авионот на летот на „FlyDubai“ со број FZ1073 од Дубаи за Тел Авив била предизвикана од физичка пресметка меѓу двајцата пилоти.

Според извештаите на израелските медиуми, дошло до жестока расправија во кокпитот, при што еден од пилотите наводно изгубил свест. Инцидентот го навел екипажот да го емитува меѓународниот код 7500, кој сигнализира киднапирање или друго незаконско мешање, што предизвикало голема безбедносна реакција. Веднаш биле подгнати борбени авиони, а премиерот Бенјамин Нетанјаху закажал итна седница на Советот за безбедност. Претходно, авионот го емитувал кодот за вонредни ситуации 7700 додека летал над Саудиска Арабија, каде што бил пренасочен, пред накратко да се префрли на кодот 7500.

Летала од типот „Боинг 737“ со повеќе од 170 патници потоа скршнал од својата рута и се упатил кон Саудиска Арабија, каде што безбедно слетал. Израелските борбени авиони биле подигнати во воздух додека властите првично ја истражувале можноста за киднапирање. Властите сè уште ги истражуваат точните околности за судирот меѓу пилотите. Во авионот се наоѓале повеќе од 100 израелски државјани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk