„ЈУГО“ ОД '86 КАКО ОД ФАБРИКА, ова е цената!

Vecer | 18.11.2026

„ЈУГО“ ОД '86 КАКО ОД ФАБРИКА, ова е цената!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Тешко е да се поверува дека некој денес би платил повеќе од 6.000 евра за „југо“, но токму тоа се случува на познатата американска аукциска платформа „Бринг а трејлер“.

Таму се продава модел „југо“ од 1986 година, кој за разлика од повеќето сочувани примероци, речиси цели 40 години поминал во гаража. Има поминато само 195 километри.

Автомобилот бил купен во 1986 година, а истиот сопственик го чувал цели 40 години. Речиси е неверојатно што во текот на сите овие години возилото практично останало недопрено.

Под хаубата се наоѓа добро познатиот 1,1-литарски четирицилиндричен мотор со скромни 55 коњски сили, поврзан со 4-степен рачен менувач.

Станува збор за класично „југо“, какво што го паметиме, но сочувано во речиси фабричка состојба. Опремата вклучува касетофон, багажник на покривот, заден бришач, па дури и дополнително вградена клима.

Во моментот на објавување на написот, највисоката понуда на аукцијата изнесувала 7.100 долари, односно околу 6.100 евра. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk