logo
logo
logo

Од врската со Тејлор Свифт до украинскиот фронт: СИНОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗАВРШИ НА РУСКА ПОТЕРНИЦА

Vecer | 20.08.2026

Од врската со Тејлор Свифт до украинскиот фронт: СИНОТ НА АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗАВРШИ НА РУСКА ПОТЕРНИЦА

Конор Кенеди, син на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот, е ставен на руска меѓународна потерница. Конор Кенеди во 2022 година отпатувал во Украина и ѝ се приклучил на Меѓународната легија на украинската армија, потсетува британски The Telegraph.

Московскиот суд на 12 август го одобри неговото апсење во отсуство како платеник на странска војска, јави руската државна агенција ТАСС. Доколку биде уапсен, му се заканува затворска казна од седум до десет години. Веста за судската одлука оваа недела ја пренесе украинскиот Kyiv Post.

Иако немал никакво претходно воено искуство, Кенеди без знаење на семејството отпатувал во Украина и ѝ пристапил на Меѓународната легија. Околу два и пол месеци поминал на североисточниот фронт, по што се вратил во Соединетите Држави и ги продолжил студиите по право на Универзитетот Џорџтаун.

Своето искуство подоцна го опиша во објава на Инстаграм, пишувајќи дека настаните во Украина длабоко го потресле и дека веднаш знаел оти сака да помогне. Речиси никому не му кажал каде оди, а го криел и своето вистинско име бидејќи не сакал привилегиран третман.

Роберт Ф. Кенеди помладиот, кој денес ја врши функцијата министер за здравство во администрацијата на Доналд Трамп, тогаш изјави дека тој и неговата сопруга, актерката Шерил Хајнс, се посомневале каде се наоѓа нивниот син дури кога на изводите од неговата кредитна картичка се појавиле трансакции најпрво од Полска, а потоа и од Украина. Подоцна изјави дека е горд на одлуката на својот син.

Ниту Конор Кенеди ниту неговиот татко засега јавно не ја коментираа одлуката на рускиот суд.

Конор Кенеди, кој своевремено беше во медиумски многу проследена врска со поп-ѕвездата Тејлор Свифт, почетокот на овој месец објави свршувачка со бразилската пејачка Џулија Бе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk