ПРОДАЖБА НА ПАРЧЕ ИСТОРИЈА: Колку ќе достигне оригиналната полиса на „Титаник“?

Vecer | 08.11.2026

ПРОДАЖБА НА ПАРЧЕ ИСТОРИЈА: Колку ќе достигне оригиналната полиса на „Титаник“?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Полиса за осигурување на „Титаник“ ќе биде понудена на аукција во Обединетото Кралство кон крајот на ноември, а се очекува да достигне цена од дури 50.000 фунти (приближно 60.000 евра).

Како што денес објави Би-би-си (BBC), единствениот познат примерок од полисата за осигурување на трупот на бродот – која го покрива периодот на неговите пробни пловидби – ќе се најде на аукција во куќата „Хенри Олдриџ и синот“во Девајзис, Вилтшир, на 21 ноември.

Полисата, издадена од осигурителната компанија „Атлантик мјучуел“, еден од главните осигурувачи на „Титаник“ – обезбедувала покритие за челичниот труп на бродот, проценет на 100.000 долари.

Документот е потпишан на 27 март 1912 година, само 19 дена пред бродот да потона за време на своето прво патување кон Њујорк.

Во катастрофата на „Титаник“ животот го загубија 1 500 луѓе кои се наоѓале на бродот.

Износите предвидени во полисата биле исплатени во рок од 30 дена по потонувањето на бродот.

Се проценува дека на аукцијата документот би можел да достигне цена меѓу 30.000 и 50.000 фунти.

Полисата – која денес би вредела приближно 3,5 милиони долари – обезбедувала покритие за период од една година, со важност од 30 март 1912 година. Би-би-си напоменува дека осигурителната компанија „Атлантик мјучуел“, која ја издала полисата, исто така одиграла значајна улога во решавањето на отштетните барања кои произлегле од загубите предизвикани од терористичките напади на 11 септември во Њујорк.

На крајот, на компанијата ѝ биле одземени лиценците за осигурување, а во 2011 година била покрената постапка за ликвидација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk