Зошто луѓето се разболуваат? Мудрите Индијанци верувале дека во една работа лежи коренот на секоја болест
Во секојдневната трка со времето, луѓето често забораваат на едноставните вистини кои влијаат врз нивната благосостојба. Деновите минуваат во обврски, стрес и бркање цели, додека ретко кој застанува да се запраша дали заживеал онака како што навистина сака.
Низ историјата, различните култури го негувале почитувањето кон постарите, чувајќи ги нивните искуства и мудрости. Иако современиот свет напредува со голема брзина, некои животни лекции остануваат подеднакво важни. Една од нив се припишува Индијанците, кои посебно значење му придавале на внатрешниот мир и поврзаноста со сопствените емоции.
Луѓето се разболуваат од неисполнети желби
Една од мислите што се врзуваат за нивната филозофија гласи дека луѓето се разболуваат од неисполнети желби. Оваа реченица не треба да се сфати како дословно медицинско објаснување за настанување на болестите, туку како потсетник за значењето на емоционалната рамнотежа.
Кога човек долго ги потиснува своите желби, се откажува од соништата или живее со живот кој не го исполнува, се јавува длабока празнина. Таквата состојба често е следена од фрустрација, хроничен стрес и незадоволство. Долготрајниот стрес негативно влијае врз организмот, вклучувајќи го сонот, имунитетот и општата здравствена состојба, поради што експертите нагласуваат дека е важно емоциите да не се игнорираат.
Материјалните добра не можат да го заменат здравјето
Познатите изреки на американските староседелци често предупредуваат дека човекот ќе сфати дека парите не можат да му обезбедат живот дури тогаш кога ќе го уништи сè околу себе. Оваа порака зборува за тоа колку лесно може да се изгуби фокусот од она што е навистина важно додека се брка материјалниот успех.
Здравјето, семејството, пријателствата и чистата средина немаат цена, но тие најчесто се ценат дури кога ќе се почувствува нивниот недостаток.
Правото здравје подразбира многу повеќе од отсуство на физичка болест. Грижата за емоционалната благосостојба, намалувањето на секојдневниот стрес и пронаоѓањето смисла се клучен дел од квалитетниот живот. Понекогаш е доволно само да се застане, да се сослуша сопственото тело и да се размисли што навистина му недостасува на духот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата