Драма на пистата среде катастрофата: „Авионот силно се тресе“ .
Внатрешноста на терминалот и кровната конструкција се урнале под налетите на ветерот, хангарите и главната сала претрпеле оштетувања, а ветерот откорнал метални конструкции на влезот и искрши прозорци.
Снимките од дрон покажуваат оголени покриви во неколку делови од аеродромскиот комплекс, а дел од урнатата конструкција паднала дури и врз еден помал авион. Сите летови се прекинати.
Концесионерот „Voe Xap“ го потврди прекинот на работењето, односно на полетувањата и слетувањата, и апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот додека техничките екипи вршат детален увид и санација на штетата.
Градските власти соопштија дека работењето е прекинато до петок, додека концесионерот наведува дека прекинот е на неодредено време.
Во моментот кога торнадото удри, патничкиот авион на „Азул“ се наоѓаше на пистата, подготвувајќи се за полетување. Во разговорот со контролната кула беше опишана ситуацијата на пистата.
„Стоиме, авионот силно се тресе, се поместува... Застанавме на пистата, леталото се движи, не можеме... радио врската... Чекаме да се смири за да можеме да се вратиме на паркинг-позицијата.
Се враќаме кон влезот на позицијата. Ќе процениме дали можеме да влеземе“, им рекоа членовите на екипажот на контролата на летање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата