logo
logo
logo

Споменик на Илон Маск, со потпис: ЛИЧНОСТ БЕЗ НИТУ ЕДЕН ПРИЈАТЕЛ“

Vecer | 17.08.2026

Споменик на Илон Маск, со потпис: ЛИЧНОСТ БЕЗ НИТУ ЕДЕН ПРИЈАТЕЛ“

Компанијата „Cards Against Humanity“, позната по истоимената игра со карти, се подготвува да изгради „величествен споменик“ посветен на Илон Маск на парцела што ја поседува во близина на „Starbase“ на „SpaceX“ во Тексас. Проектот е финансиран преку кампања за собирање средства, во препознатливиот, вулгарен тон на компанијата.

Целта на акцијата, како што наведоа, е да се создаде нешто што ќе го натера Маск, дури и за момент, да се запраша дали, според нив, тој е личност без ниту еден вистински пријател.

Долгогодишен конфликт со Маск и „SpaceX“

Ова не е прв пат „Cards Against Humanity“ да го користи тоа земјиште за јавни провокации. Компанијата го купила парцелата уште во 2017 година, тогаш со цел да го попречи планот на претседателот Доналд Трамп за изградба на ѕид на границата со Мексико. Во 2024 година, компанијата поднесе и тужба против „SpaceX“, тврдејќи дека компанијата влегла нелегално и го оштетила нејзиното земјиште.

Сега „Cards Against Humanity“ ги замолува своите следбеници да им помогнат заедно да одлучат што точно треба да се гради на тоа парче земја.

Во објава на Инстаграм, компанијата објави формирање на комитет кој ќе го смисли дизајнот на споменикот, со покана до фановите да се приклучат на проектот за десет долари и на тој начин да придонесат за неговата реализација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk