logo
logo
logo

ТИКТОК ОДНЕСЕ УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ - 15-годишно девојче почина во страшни маки поради бизарен интернет предизвик!

Vecer | 02.07.2026

ТИКТОК ОДНЕСЕ УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ - 15-годишно девојче почина во страшни маки поради бизарен интернет предизвик!

Петнаесетгодишната Лија Пресон од Оклахома почина вчера како последица на мозочна смрт и срцев застој, откако стана најновата жртва на смртоносниот „Бенадрил предизвик“ (Benadryl Challenge) на социјалната мрежа ТикТок. Нејзиниот татко откри дека девојчето очајнички сакало да стане популарно на апликацијата, поради што дури пет пати го повторило овој опасен тренд, се до фаталното предозирање.

Овој морничав тинејџерски предизвик, кој започна уште во 2020 година, сè уште масовно убива деца низ САД и Канада. Трендот бара од младите да проголтаат огромни количини (над 12 таблети) лек за алергија кој се продава без рецепт, со цел да предизвикаат халуцинации. Наместо забава, прекумерната доза предизвикува тешки напади, срцева аритмија и моментален прекин на работата на мозокот.

Американските болници алармираат дека се преполни со стотици преотруени деца. Иако ТикТок ги блокираше официјалните хаштагови, тинејџерите ги заобиколуваат филтрите со намерни печатни грешки во пребарувањето, поради што штетните видеа сè уште се шират. Лекарите итно апелираат до родителите веднаш да ги заклучат сите лекови дома, бидејќи алгоритите на социјалните мрежи буквално ги водат нивните деца во смрт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk