logo
logo
logo

Затворање на старите поглавја и нови почетоци: ГОЛЕМИОТ ХОРОСКОП ЗА ПОРТАЛОТ 9/9

Vecer | 09.09.2026

Затворање на старите поглавја и нови почетоци: ГОЛЕМИОТ ХОРОСКОП ЗА ПОРТАЛОТ 9/9

Секој 9 септември во нумерологијата носи посебна симболика, а еве што овогодишниот портал 9/9 му носи на секој хороскопски знак.

Бројот девет претставува завршување на еден циклус. Како последен едноцифрен број, се поврзува со искуството, мудроста, простувањето и способноста да го пуштиме она што повеќе не ни служи. Кога деветката се повторува, како 9/9, нејзината симболика станува уште посилна – нè потсетува дека затворањето на старите поглавја е често неопходен чекор за да направиме простор за нешто ново.

Оваа година на оваа симболика ѝ се придружува уште еден интересен детаљ. Кога ќе ги собереме цифрите од годината 2026: 2 + 0 + 2 + 6 = 10, а потоа 1 + 0 = 1. Во нумерологијата, бројот еден претставува нови почетоци, самостојност, иницијатива и храброст да чекориме во потполно нов правец.

Затоа, 9 септември оваа година носи интересен спој на две различни енергии. Деветката нè повикува да го завршиме она што веќе го исполнило своето, да го отпуштиме минатото и да ги затвориме старите поглавја. Единицата, од друга страна, означува дека сега е време да почнете од почеток.

Овен

Време е да престанете да одговарате на секоја провокација и да не ја трошите својата енергија на луѓе и ситуации што постојано ве вовлекуваат во истите конфликти. Она што ви го покажа претходниот период е колку е драгоцен вашиот мир. Не мора да ја прифатите секоја битка само затоа што некој ви понудил причина за неа.

Бик

Само затоа што нешто ви е познато, не значи дека е добро за вас. Можеби и понатаму се држите до однос, работа, навики или слика за иднината што некогаш сте ја замислиле, само затоа што непознатото ве плаши. Но, не мора да чекате нешто да стане неподносливо за да си признаете себеси дека повеќе не е за вас. Понекогаш заминувањето е токму начинот конечно да се изберете себеси.

Близнаци

Можеби одговорот што толку долго го чекате никогаш нема да дојде во формата во која сте го замислувале. Затоа е време да престанете да се враќате на старите разговори, да го анализирате секој збор и да барате скриено значење во нешто што е веќе минато. Не мора другата личност да ви даде објаснување за да можете да затворите едно поглавје. Понекогаш затворањето е нешто што самите мора да си го подариме – без последен разговор, без совршен одговор и без туѓо одобрение.

Рак

Вашата голема емпатија често ве наведува туѓите грижи, проблеми и емоции да ги преземате како да се ваши. Но, овој пат е важно да направите разлика меѓу љубовта и одговорноста. Да сакате некого не значи дека мора да го спасувате, да ги поправате неговите избори или да ги носите неговите товари.

Можете да му бидете потпора на некого, да понудите разбирање и искрено да му посакувате добро, а притоа да не се заборавите себеси. Не е себично да поставите граница. Понекогаш тоа е токму најздравиот начин да сакате – да бидете тука за некого, но неговиот живот да не стане товар што мора да го носите наместо него.

Лав

Дозволено ви е да ја надраснете личноста што некогаш сте биле. Не мора засекогаш да одите по истата цел само затоа што некогаш ве исполнувала, ниту да останувате во улогата што одамна сте ја презеле. Луѓето се менуваат, а со нив се менуваат и нивните желби, вредности и сни. Ако нешто што некогаш ве движело денес повеќе не ви значи ништо, тоа не значи дека сте се откажале – можеби едноставно сте пораснале.

Не мора да ѝ бидете верни на старата верзија од себе само затоа што ја познавате. Имате право да го промените правецот, да посакате нешто друго и да станете некој кого порано не сте ни знаеле да го замислите.

Девица

Порталот 9/9 доаѓа токму во вашата сезона и ви носи важна лекција: престанете постојано да ја поместувате границата на она што го сметате за доволно добро. Не мора баш сè уште малку да се поправи, доработи или усоврши. Не мора секоја ситница одново да ја анализирате само за да го најдете она што не е совршено.

Застанете за момент и погледнете колку веќе сте постигнале. Можеби проблемот не е во тоа што не е доволно добро, туку во тоа што себеси никогаш не си дозволувате да признаете дека е. Овој пат обидете се да си кажете: „Направив доволно. И тоа е доволно.“

Вага

Колку долго се обидувате да го зачувате мирот со другите, додека притоа полека го губите сопствениот? Можеби е време да се запрашате колку пати сте премолчиле, сте попуштиле или сте ги ставиле туѓите потреби пред своите само за да не го нарушите односот.

Не мора секој да ја разбере вашата одлука за да знаете дека таа е правилна за вас. Не мора постојано вие да бидете личноста што прави компромис. Вистинска рамнотежа не постои таму каде што едната страна непрестајно се одрекува од себе за да ѝ биде пријатно на другата. Понекогаш најважниот мир е токму оној што го наоѓате кога конечно ќе се изберете себеси.

Скорпија

Вие знаете што значи промена, но дури и кога сте навикнати на неа, некои завршетоци знаат да заболат. Сепак, нешто што долго сте се обидувале да го разберете, прифатите или преболите, сега конечно може да го заземе своето место во минатото.

Не мора да го избришете она што се случило, ниту да се правите дека не ве повредило. Доволно е да престанете да му дозволувате на минатото да ги одредува вашите денешни денови. Не заборавате. Не негирате. Само одлучувате повеќе да не живеете во она што е веќе поминато.

Стрелец

Можеби проблемот не е во тоа што не го остваривте својот сон, туку во тоа што едноставно сте го надранале. Дозволено ви е да посакате нешто друго. Тоа не е откажување ниту пораз – денес сте поинаква личност и знаете многу повеќе од тогаш кога првпат го замисливте тој сон.

Не мора да продолжите да одите по целта што повеќе не ве исполнува само затоа што некогаш толку многу сте сакале да ја остварите. Кога ќе престанете да се држите до нешто што повеќе не е ваше, создавате простор да ви се отвори потполно нов правец.

Јарец

Годините, трудот, времето или парите што сте ги вложиле во нешто не се причина во тоа да останете засекогаш. Тоа што сте ја промениле одлуката не значи дека сè што сте правеле досега било залудно. Секое искуство има своја вредност, дури и кога на крајот нè доведува до заклучок дека треба да тргнеме по друг пат.

Понекогаш е потребна поголема храброст да признаете дека нешто е завршено отколку да продолжите само затоа што веќе толку далеку сте стигнале. Не мора да го оправдувате минатото вложување со идно незадоволство.

Водолија

Можеби сте почнале да чувствувате дека повеќе не им припаѓате на луѓето, на односот или на средината во која некогаш сте се чувствувале како дома. Ако е така, не обидувајте се да станете помали само за да се вклопите во просторот што веќе сте го надраснале.

Некои заминувања не се знак дека сте го изгубиле своето место – туку дека сте подготвени да најдете ново. Не мора да се менувате за да припаѓате таму каде што не ве разбираат. Понекогаш токму излегувањето од погрешната средина е првиот чекор кон луѓето и просторот каде што ќе можете да бидете потполно свои.

Риби

Спомените можат да бидат драгоцени, но проблемот настанува кога минатото ќе стане место во кое минуваме повеќе време отколку во сегашноста. За вас овој портал посебно ја нагласува потребата да го отпуштите она што останало зад вас, особено кога се во прашање старите односи.

Можете со нежност да го чувате она што некогаш било убаво, а истовремено да прифатите дека тоа повеќе не може да се врати. Не мора да го избришете споменот за да продолжите понатаму. Сочувајте го она што ви значело, но не дозволувајте минатото да ве спречи да го доживеете она што сегашниот момент дури сега ви го носи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk