Во топлите летни денови, кога никој не сака да поминува часови покрај шпоретот, брзите и освежителни оброци се вистинско спасение. Познатата британска готвачка Мери Бери споделува едноставен медитерански рецепт за пилешка салата која има само 400 калории, а е совршено хранлива и вкусна.
Рецептот е објавен од „BBC Food“, а нивниот уреднички тим истакнува дека ова јадење е инспирирано од медитеранските вкусови.
„Медитеранската салата на Мери е полна со одлични состојки. Кремасто авокадо, сочни домати и нежно пилешко месо во брз прелив од песто. Идеална е за однапред да ја подготвите, а потребно е само сè брзо да се измеша пред сервирањето“, наведуваат тие.
Рецептот е наменет за шест лица, а една порција содржи околу 400 калории. Оброкот е богат со протеини, со околу 27 грама по порција, додека содржината на масти е околу 24 грама.
Состојки:
- 3 парчиња пилешки гради
- 2 големи авокада
- 1 лимон
- 1/2 краставица
- 18 шери домати
- 4 лажици свежо зелено песто од босилек
- 6 лажици лесен мајонез
- сол
- свежо мелен црн бибер
- 25 г печени пињоли
- микро-лиснати зеленчуци (микрозеленило) и ливчиња босилек за декорација
Подготовка:
Исчистете ги пилешките гради по потреба и исечете ги на тенки ленти. Во голем сад измешајте ги пестото, мајонезот и сокот од половина лимон. Зачинете со сол и бибер и добро промешајте за да добиете воедначен прелив.
Додајте го пилешкото и сè добро измешајте за рамномерно да се премачка со сосот. За побогат вкус, можете да го оставите во фрижидер неколку часа или преку ноќ, иако тоа не е неопходно.
Исечете го авокадото на парчиња и нежно прелијте го со сокот од другата половина на лимонот. Исечете ја краставицата на тенки полумесечини и преполовете ги чери доматите. Наредете ги зеленчукот и пилешкото на чинија или во длабок сад, зачинувајќи сè по вкус.
На крајот, наросете со печените пињоли и украсете со микрозеленило и свежи ливчиња босилек пред сервирањето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата