logo
logo
logo

Почнува израдбата на ветерен парк во Штип

НОВА ЕРА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА - Потенцијал за 2 милијарди евра годишно!

Vecer | 09.09.2026

НОВА ЕРА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА - Потенцијал за 2 милијарди евра годишно!

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на компанијата „Алказар Енерџи“ во Општина Штип најави историски пресврт за македонската економија и енергетска стабилност. Со реализацијата на овој гигантски ветерен парк, Македонија прави одлучувачки чекор кон целосна нето енергетска независност.

Проектот носи огромни директни придобивки за граѓаните и регионот: неколку стотици нови работни места, целосно нова патна инфраструктура во сите општини низ кои ќе поминува комплексот, како и производство на дури 1 терават/час (милион мегават/часови) чиста електрична енергија од обновливи извори, капацитет каков што досега не е забележан во историјата на државата.

„Станува збор за нешто што е досега незабележано во нашата историја и нешто коешто, кога ова ќе биде реалност, ќе претставува нето енергетски независна Македонија“, истакна премиерот Мицкоски.

Посочувајќи ги огромните природни ресурси со кои располага земјата, особено потенцијалот на ветарот, Мицкоски потенцираше дека Македонија е подготвена да го искористи моментот и насоките од Европската Комисија за претворање на Балканот во главен јазол за снабдување на Европа со зелена енергија.

Поради експанзијата на вештачката интелигенција, проценките се дека на Европа во следните 15 години ќе ѝ бидат потребни дополнителни 1.000 терават/часови електрична енергија. Македонскиот потенцијал за инвестиции во вакви производствени капацитети изнесува дури 24 терават/часови.

„Кога овој потенцијал ќе се претвори во бројки, тоа значи отворање на нов бизнис сектор вреден околу 2 милијарди евра годишно, кој директно ќе го зајакне и зголеми македонскиот бруто домашен производ (БДП), рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk