МЕРМЕРОТ ОД ПРИЛЕП ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ПРЕКУ КАРГО СООБРАЌАЈ

Vecer | 11.10.2026

МЕРМЕРОТ ОД ПРИЛЕП ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ПРЕКУ КАРГО СООБРАЌАЈ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола и надвор од земјава, а и ќе се оспособи меѓуградскиот железнички превоз, очекуваме да напреднат работите на автопатот Прилеп – Битола, особено кај желеничките премини, изјави вицепремиерот Александар Николоски на денешното чествување на 11 Октомври во Прилеп.

– Во финална фаза сме за почетокот на карго сообраќајот. Производите од мермер ќе одат преку карго сообраќајот, а на тој начин ќе го заштитиме и патничкиот сообраќај. За брзо време очекувам да стартуваме со карго-сообраќајот – посочи Николоски.

Тој најави дека во следниот период очекува да почне да сообраќа и меѓуградски воз меѓу Прилеп и Битола.

– Во однос на поврзувањето на Битола со Прилеп со воз, а тоа е нешто што јас го ветив, таму паралелно се гради автопатот Прилеп – Битола и со изведувачот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ имавме заедничка одлука да завршат целокупните активности кои се однесуваат на премостување на железничката пруга, а се однесуваат на неколку места, за кога ќе почне железничкиот сообраќај тој да не запира. И очекувам во следниот период да почнеме и со меѓуградски воз меѓу Прилеп и Битола – изјави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk