УТРЕ ПОВЕЌЕ ОД 7 ЧАСА ЌЕ НЕМА СТРУЈА: Најавени исклучувања на повеќе места

Vecer | 11.11.2026

УТРЕ ПОВЕЌЕ ОД 7 ЧАСА ЌЕ НЕМА СТРУЈА: Најавени исклучувања на повеќе места
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Поради планирани технички зафати и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, утре (12 ноември 2026 година) без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе скопски општини.

Во општина Илинден, во период од 08:00 до 15:30 часот, поради замена на пет столбови на извод 5 од ТС Белимбегово 6, без напојување ќе останат потрошувачите од патот кон фармите во Јурумлери и улица „27“.

Во Кисела Вода прекинот ќе трае од 08:30 до 16:00 часот, а без струја ќе биде дел од улица „Христо Татарчев“ 14 и дел од улица „Христо Татарчев“ 2.

Во Гази Баба, од 09:00 до 14:00 часот, поради интервенции во ТС Старо Нова Бања 2 и ТС Стара Нова Бања 1 (чистење, проверка на расклопна опрема и долевање масло), струја ќе немаат жителите на улиците „Хусеин Бајрам“, „Лезе Томи“, „Григор Прличев“, како и на улиците со бројеви 163, 165, 166, 170 и 171.

Во општина Сопиште, од 09:00 до 13:00 часот, без напојување ќе остане дел од населеното место Црвена Вода (Црвена Прс).

Во Центар, во периодот од 09:30 до 15:30 часот, поради планиран зафат во мрежата без електрична енергија ќе биде објектот на Македонската опера и балет (МОБ).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk