Федералниот суд во САД ги прогласи за нелегални царините од 10 отсто на претседателот Доналд Трамп за сите стоки, што е втор голем удар врз неговите клучни економски политики оваа година, пишува Си-ен-ен. Судии на Американскиот суд за меѓународна трговија вчера со гласови од два наспрема еден пресудиле дека администрацијата на Трамп нема законско оправдување за воведување на царините.
Во пресудата се наведува дека администрацијата се повикала на член 122 од Законот за трговија од 1974 година, но судиите утврдиле дека аргументацијата за воведување царински давачки не е доволна. Администрацијата започнала со спроведување на овие царини откако Врховниот суд претходно годинава ги прогласи нејзините најшироки даноци за нелегални.
„Царинската проглас на претседателот не наведува ’големи и сериозни дефицити во платниот биланс на Соединетите Американски Држави’ како што Конгресот го замислил тој термин“,
се вели во образложението од мнозинството судии.
Член 122 му дозволува на претседателот да воведува тарифи до 15 отсто за целиот увоз без да добие одобрение од Конгресот доколку се исполнети одредени критериуми. Во овој случај, судиите сметаат дека аргументот на администрацијата за тарифите е недоволен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата