logo
logo
logo

ЗБОГУМ НА НАПЛАТНИТЕ РАМПИ: Хрватска од март 2027 воведува патарини без застанување и чекање

Vecer | 06.09.2026

ЗБОГУМ НА НАПЛАТНИТЕ РАМПИ: Хрватска од март 2027 воведува патарини без застанување и чекање

Хрватска најавува голема промена во системот за наплата на патиштата, со која возачите наскоро би можеле да заборават на застанувањето пред наплатните рампи. Од почетокот на март 2027 година се планира воведување на целосно електронска наплата, под името „Кролибертас“, со што патарините ќе се плаќаат без запирање и чекање.

Новиот систем, чија имплементација е планирана од 1 март 2027 година, треба да ја елиминира потребата од запирање возила на наплатните пунктови, земање картичка и плаќање при излез од автопатот. Наместо тоа, ќе се воведе систем на слободен проток на сообраќај, во кој наплатата ќе се врши електронски. За Хрватска е важно, и покрај преминот кон дигитален систем за плаќање, да не воведува вињети по примерот на Словенија или Австрија. Патарините ќе продолжат да се пресметуваат според поминатото растојание и категоријата на возила, што значи дека возачите ќе плаќаат според бројот на километри што ќе ги поминат на автопатот.

Најголемата промена се однесува на технологијата и начинот на наплата, кои ќе бидат автоматизирани, побрзи и поефикасни. Целта на новиот систем е да се намали метежот и гужвите на патарините, да се скрати времето на патување и да се намалат емисиите предизвикани од честото запирање и рестартирање на возилата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk