Голем шумски пожар денеска избувна во земјоделско-шумско подрачје во областа Скилунтија, во грчкиот регион Илија, при што на терен е мобилизиран значителен број пожарникари и техника. Во акцијата за гаснење се ангажирани 45 пожарникари со 16 возила, како и доброволци, додека од воздух во справувањето со огнената стихија се вклучени 10 авиони, пренесува „Катимерини“.
Противпожарниот оперативен центар бил известен за пожарот во попладневните часови, по што на терен биле испратени бројни екипи.
Во почетната фаза биле ангажирани шест летала за гаснење од воздух, а поради потребата од дополнителни сили биле вклучени уште четири авиони.
Набргу по избувнувањето на пожарот бил активиран системот „112“, преку кој локалното население било предупредено да биде во состојба на готовност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата