logo
logo
logo

ВУЧИЌ КАКО ОБИЧЕН ГРАЃАНИН: Седна зад волан, застана на автоперална и сам го изми автомобилот – но не одеше се според планот

Vecer | 17.08.2026

ВУЧИЌ КАКО ОБИЧЕН ГРАЃАНИН: Седна зад волан, застана на автоперална и сам го изми автомобилот – но не одеше се според планот

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео на социјалните мрежи на кое оди во автоперална, каде што се обиде сам да го измие својот автомобил, но не одеше сè според планот.

Вучиќ сними дел од видеото додека вози и нагласи дека претходно го поставил телефонот за да не мора да го држи или да го гледа додека вози.

Најави изборна кампања

За време на возењето, тој зборуваше и за инфраструктурните проекти во Србија и рече дека треба да се работи многу повеќе, особено на патиштата и во помагањето на жителите кои не живеат во градските центри.

Вучиќ веќе најави изборна кампања во последните недели и рече дека ќе стави поголем акцент на директниот контакт со граѓаните.

Проблеми со жетонот и цревото

По пристигнувањето во пералната за автомобили, тој се обиде сам да го измие автомобилот, но имаше проблеми со жетонот и цревото за перење.

„Се обидов да го измијам автомобилот. Се борев со цревото и жетоните, заборавив на теписите, но на крајот операцијата беше делумно успешна. Подготовките за кампањата се при крај“, напиша Вучиќ покрај видеото.

Неговата објава се вклопува во кампањата што ја најави во јули. Во тоа време, тој рече дека кампањата ќе има повеќе фази и дека политичарите и активистите мора да покажат поголема грижа за секој граѓанин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk