СЕ ЈАВИ „НИШ ЕКСПРЕС“ - Ова е соопштението за атобуската трагедија

Vecer | 08.11.2026

СЕ ЈАВИ „НИШ ЕКСПРЕС“ - Ова е соопштението за атобуската трагедија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Автобуската компанија „Ниш-експрес“ изрази сочувство на семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа во Хрватска, во која автобус на компанијата се преврте на автопатот А3. Од компанијата велат дека нема да ги коментираат причините и околностите сè додека не заврши официјалната истрага.

„По повод тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во 7:25 часот на патот Белград – Загреб, кај местото Иваниќ-Град, изразуваме најдлабоко сочувство на семејствата на загинатите и искрено жалење за трагичниот настан“, се наведува во соопштението испратено до српскиот портал „Телеграф“.

Од компанијата посочуваат дека до завршувањето на официјалната постапка не можат да изнесуваат претпоставки ниту да ги коментираат околностите што се предмет на истрага. Истовремено, им се заблагодариле на хрватската полиција, пожарникарите, итната медицинска помош и лекарите за интервенцијата и помошта на местото на несреќата. објави Скопје1.мк

На повредените им посакале брзо и целосно закрепнување, најавувајќи дека јавноста ќе биде известена по добивањето официјални информации.

Во несреќата на автопатот А3 во Хрватска, на делницата меѓу клучките Иваниќ-Град и Ругвица, во насока кон Брегана, загинале две лица, шест биле тешко повредени, а 27 се здобиле со полесни повреди. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk