logo
logo
logo

СУДИРИ ВО ТИРАНА

(ВИДЕО) ХАОС ПРОТЕСТИТЕ ВО ТИРАНА ЕСКАЛИРАА - Полицијата растеруваше демонстранти со водени топови и солзавец

Vecer | 23.07.2026

(ВИДЕО) ХАОС ПРОТЕСТИТЕ ВО ТИРАНА ЕСКАЛИРАА - Полицијата растеруваше демонстранти со водени топови и солзавец

Водени топови, солзавец и судири со полицијата ја одбележаа најновата ескалација на протестите во Тирана. Илјадници граѓани излегоа на улиците незадоволни од плановите на Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, за изградба на луксузен туристички комплекс вреден милијарди долари, по што полицијата интервенираше за да ги растера демонстрантите, објави „Ројтерс“.

Полицијата употреби водени топови против стотици демонстранти кои удираа по оградите околу зградата на парламентот и скандираа против американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ти благодарам, Трамп, што нè обедини“, скандираа демонстрантите.

Кушнеровиот одморалиште и другите развојни проекти на јадранскиот брег на Албанија се силно поддржани од албанскиот премиер Еди Рама, кој тврди дека протестите не се автентични, туку се поттикнати од неговите политички противници.

Демонстрантите често изразуваат незадоволство од Владата на Еди Рама, кого го обвинуваат за корупција и кражба на државен имот. Тие тврдат дека проектот на Кушнер на јадранскиот брег е резултат на корупција и ќе ги загрози животните во заштитеното мочуриште, каде што Кушнер сака да изгради луксузни хотели вредни милијарди долари. Протестното движење беше наречено „Револуција на фламинго“, по птиците што живеат во областа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk