УАПСЕН НАПАЃАЧОТ НА МАЈКАТА НА ВУЧИЌ: Еве кој е осомничениот, одредено му е притвор

Vecer | 25.10.2026

УАПСЕН НАПАЃАЧОТ НА МАЈКАТА НА ВУЧИЌ: Еве кој е осомничениот, одредено му е притвор

Српската полиција го уапси Никола Меденица, осомничен за денешниот напад врз Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, во близина на пазарот Калениќ во Белград. Осомничениот е задржан поради сомнение за кривично дело разбојништво.

Како што пренесува српски „Блиц“, нападот се случил претпладне во непосредна близина на пазарот Калениќ, по што полицијата го уапсила осомничениот.

Од надлежното обвинителство за „Блиц“ соопштиле дека е одредено задржување од 48 часа.

„Дежурниот обвинител одреди задржување во траење од 48 часа за М. Н. (1998), поради постоење сомнение дека сторил кривично дело разбојништво од член 206 од Кривичниот законик. Во наведениот рок осомничениот ќе биде сослушан, по што ќе биде донесена одлука за понатамошното постапување“, соопштиле од Обвинителството.

СНС остро го осуди нападот врз Ангелина Вучиќ

Српската напредна партија (СНС) најостро го осуди физичкиот и вербалниот напад врз Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, кој денеска се случил во непосредна близина на пазарот Калениќ во Белград.

„Група помлади мажи, со политичка ориентација блиска до блокадерите, ја туркале Ангелина Вучиќ, ѝ викале и ѝ ги искинале кесите со намирници што ги носела од пазарот. Ваквото однесување претставува недозволив чин на агресија, понижување и заплашување, кој заслужува најостра осуда“, се наведува во соопштението на СНС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk