Во населбата „9 Мај“, позната и како Ново Село, во српскиот град Ниш, се појавија сомнежи за можни изборни неправилности, откако беше објавено видео од магацински простор во близина на избирачко место. Според телевизијата „Ниш ТВ“, постојат информации дека објектот го користеле лица поврзани со таканаречените „блокадери“.
Како што пренесува „Ниш ТВ“, станува збор за магацин на компанија што се занимава со продажба на добиточна храна, лоциран на улицата „Топлички партизани“, во непосредна близина на избирачко место.
Во објавата се наведуваат сомнежи дека просторот бил користен за активности поврзани со изборниот процес, вклучително и наводно водење паралелни избирачки списоци.
Информациите предизвикаа прашања за можни изборни малверзации за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.
Засега нема официјална потврда дека во објектот биле пронајдени паралелни избирачки списоци или дека биле прекршени изборните правила.
Се очекува надлежните институции да ги проверат објавените информации и да утврдат дали постојат неправилности.
Извор: Ниш ТВ
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата