logo
logo
logo

КРВАВАТА ДРАМА ВО ЗАГРЕБ ИМАЛА ПРЕТХОДНИЦА: „Чувај се од мене“ – конфликтот од претходниот ден довел до нападот

Vecer | 11.09.2026

КРВАВАТА ДРАМА ВО ЗАГРЕБ ИМАЛА ПРЕТХОДНИЦА: „Чувај се од мене“ – конфликтот од претходниот ден довел до нападот

Позадината на крвавиот напад во загрепското средно училиште, во кој маскиран ученик со нож нападна свој врсник и хигиеничарка, наводно се поврзува со конфликт меѓу двајцата ученици од прва година што се случил само еден ден претходно. Според досегашните информации, токму тој судир можел да биде повод за нападот, а хрватските медиуми објавуваат нови детали за тоа што му претходело на крвавиот инцидент и како била спречена уште поголема трагедија.

Според неофицијалните информации на Index.hr, напаѓачот и нападнатиот ученик претходниот ден влеговте во вербална расправија. За време на каницата, напаѓачот отворено му се заканил на врсникот со зборовите „чувај ме се“ (чувај се од мене), за изутрината околу 8 часот да се појави во училиштето вооружен и со фантомка.

Учениците ко пред училишната зграда во Конавоска улица раскажуваат дека напаѓачот влегол во објектот со фантомка преку целото лице и веднаш се упатил кон ученикот со кого се конфронтирал претходниот ден.

Кога тој со ножот замавнал кон својата мета, во помош притекнала училишната хигиеничарка која се обидела да го спречи и да го заштити момчето, но напаѓачот ја нападнал и неа.

Во инцидентот се повредени ученикот, кој бил примарна цел, и вработената во училиштето. Двајцата со возила на Итна помош се пренесени во болница за санирање на повредите, додека напаѓачот се наоѓа под полициски надзор.

Сведоците од редовите на учениците наведуваат дека на самиот влез од објектот имало само постара жена задолжена за безбедноста, која немала можност да го спречи наоружаниот и маскиран напаѓач.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk