logo
logo
logo

КРАЈ НА БЕЗВИЗНИОТ ВЛЕЗ - Црна Гора ги затега границите за Русите и Кинезите

Vecer | 28.07.2026

КРАЈ НА БЕЗВИЗНИОТ ВЛЕЗ - Црна Гора ги затега границите за Русите и Кинезите

Црна Гора од први ноември 2026 година воведува задолжителни визи за државјаните на Русија и Кина, со што престанува долгогодишниот безвизен режим за овие земји.

Одлуката е дел од усогласувањето на црногорската визна политика со правилата на Европската унија, а покрај Русија и Кина, визи ќе бидат потребни и за граѓаните на Белорусија, Саудиска Арабија и Турција. 

Министерството за надворешни работи на оваа земја објавува дека овој чекор претставува еден од последните критериуми за затворање на Поглавјето 24 од преговорите со ЕУ, кое е поврзано со правдата, слободата и безбедноста.

Според властите, исполнувањето на овој критериум, исто така, го отвора патот за повлекување на околу 4 милиони евра од Европскиот план за раст за Западен Балкан. Во меѓувреме, апликациите за визи повеќе нема да бидат ограничени само на црногорските амбасади и конзулати, бидејќи граѓаните ќе можат да аплицираат и преку меѓународната визна служба VFS Global.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk