Грција прави голем чекор во зајакнувањето на својата одбрана. На седница на Владиониот совет за национална безбедност, свикана од премиерот Киријакос Мицотакис, беше одобрена набавка на повеќеслоен систем за противвоздушна одбрана од Израел вредна до 3.5 милијарди евра. Покрај системот „Штитот на Ахилеа“, кој се смета за грчка верзија на „Железната купола“, одобрени се и уште десет програми за модернизација на армијата, вклучително и набавка на дронови и транспортни авиони Ц-390, пренесе „Катимерини“.
Овој договор, вреден дури 3,5 милијарди евра, вклучува и купување на разни видови дронови произведени во САД и Израел, потврдија информирани извори за „Ројтерс“.
Новиот систем, симболично наречен „Ахилов штит“, е дизајниран како повеќеслојна заштита од балистички ракети, непријателски авиони и беспилотни летала. Неговото јадро ќе бидат врвните радари и ракети на добро познатите израелски компании Рафаел и ИАИ.
Купувањето на „Ахилов штит“ е само еден дел од масовниот план за модернизација на грчките вооружени сили. Владата во Атина планира да инвестира неверојатни 28 милијарди евра во армијата до 2036 година. Тој план вклучува купување до 40 нови американски борбени авиони Ф-35, како и модерни фрегати од Франција и Италија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата