СРЕЌЕН КРАЈ НА ДРАМАТА ВО „ТРЕПЧА“ - Извлечени заглавените рудари

Vecer | 08.10.2026

СРЕЌЕН КРАЈ НА ДРАМАТА ВО „ТРЕПЧА“ - Извлечени заглавените рудари
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Драматичните часови во рудникот „Трепча“ завршија со целосно олеснување откако сите рудари кои беа заглавени длабоко под земја успеаја успешно да излезат на површина.

Веста за успехот на спасувачката акција ја потврдија локалните медиуми, пренесувајќи дека сите 63 заглавени рудари се во добра здравствена состојба и без потешки последици по нивниот живот.

– Имаа мали тешкотии при излегувањето бидејќи не се сите во млада возраст и во добра физичка кондиција за да се искачуваат преку итниот излез, пренесуваат лица блиски до рударите, додека институциите сè уште ги утврдуваат сите детали за техничките дефекти кои доведоа до нивно заглавување во јамите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk