(Фото+Видео) СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО БУГАРИЈА, НАЈМАЛКУ 10 ЗАГИНАТИ

Vecer | 10.11.2026

(Фото+Видео) СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО БУГАРИЈА, НАЈМАЛКУ 10 ЗАГИНАТИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе се повредени во две верижни сообраќајни несреќи со над 50 патнички и товарни возила на автопатот „Тракија“, во близина на бугарскиот град Јамбол, јавува „Факти“.

Автопатот е затворен во двата правца, а спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до луѓето заглавени во возилата.

Несреќите се случиле денеска, рано наутро, меѓу клучките „Зимница“ и „Кабиле“, во услови на густа магла и значително намалена видливост. Според главниот инспектор Тодор Мишинев од полицијата во Јамбол, меѓу возилата што се судриле има и цистерни.

„Има заглавени луѓе во автомобилите. Во моментов приоритет се спасувачките активности. Откако ќе завршат, ќе бидат спроведени и истражните дејства“, изјави Мишинев.

Мобилизирани се сите расположливи екипи за реанимација, хирургија и трауматологија. Бидејќи болницата нема оддел за неврохирургија, пациентите на кои им е потребна таква помош ќе бидат пренесени во други здравствени установи.

Пристапот до повредените е отежнат поради блокираните коловозни ленти. Ангажирани се екипи за отстранување на заштитните огради за да се овозможи пристап на спасувачките служби. Според Валчев, густата магла го отежнува и евентуалното слетување на хеликоптер.

Според објавеното предупредување, првата несреќа се случила нешто по 7 часот, на 289. километар во правец кон Бургас. Набргу потоа следувал уште еден судир во другата лента, во правец кон Софија.

Според најавите на надлежните, автопатот ќе остане затворен во двата правца во текот на целиот ден. Сообраќајот се пренасочува по обиколни патишта, а главната алтернативна маршрута води преку клучката „Карнобат“, патот I-6 кон „Петолачката“, Сливен, патот II-53 и клучката „Крушаре“. Сообраќајот го регулираат полициски екипи.

Кон местото на несреќите се упатиле и високи претставници на бугарското Министерство за внатрешни работи, како и министерката за здравство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk