ДРАМА НА ТРАЕКТ ВО ГРЦИЈА: Евакуирани околу 900 патници по дојава за поставена бомба

Vecer | 09.11.2026

ДРАМА НА ТРАЕКТ ВО ГРЦИЈА: Евакуирани околу 900 патници по дојава за поставена бомба
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Денеска од траект во Грција, кој требаше да исплови од Пиреја, беа евакуирани околу 875 патници, откако беше добиено предупредување дека на бродот е поставена експлозивна направа.

По евакуацијата, припадници на крајбрежната стража започнаа со претрес на бродот, со помош на специјално обучено куче за откривање експлозиви, пренесува „Катимерини“.

На бродот се наоѓаше и екипаж од 83 члена, а пловилото превезуваше 89 патнички автомобили, 12 мотоцикли, 110 камиони и еден минибус.

Траектот „Блу стар 1“ („Blue Star 1“) требаше да исплови за Родос во 18:00 часот по локално време, со попатни застанувања на островите Сирос, Патмос, Лерос и Кос, пренесува „Танјуг“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk