Двајца Кинези уапсени во БиХ: КИДНАПИРАЛЕ ПЕТМИНА СОНАРОДНИЦИ, ГИ МАЛТРЕТИРАЛЕ И БАРАЛЕ ПО 15.000 ЕВРА ОТКУП

Vecer | 11.11.2026

Двајца Кинези уапсени во БиХ: КИДНАПИРАЛЕ ПЕТМИНА СОНАРОДНИЦИ, ГИ МАЛТРЕТИРАЛЕ И БАРАЛЕ ПО 15.000 ЕВРА ОТКУП
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Двајца кинески државјани се уапсени во Босна и Херцеговина под сомнение дека учествувале во киднапирање на петмина свои сонародници, од кои барале по 15.000 евра за нивно ослободување, јавија босанксите медиуми.

Според информациите од Федералната управа на полицијата (ФУП), петмината кинески државјани биле жртви на киднапирање за време на организиран нелегален транспорт низ Босна и Херцеговина, со цел да продолжат кон Италија.

Полицијата утврдила дека жртвите биле незаконски лишени од слобода, физички и психички малтретирани, а биле изложени и на сексуално насилство и изнуда. За нивното ослободување биле барани по 15.000 евра, со закани по живот доколку не ги исплатат парите. Од дел од жртвите пари биле изнудувани и преку апликации за електронско плаќање.

Во рамки на истрагата, на 6 ноември, по наредба на Судот на БиХ и под надзор на државното обвинителство, биле извршени претреси на станбени и други објекти на подрачјето на сараевската општина Илиџа. Притоа биле пронајдени и одземени мобилни телефони и пари во различни валути.

Двајцата кинески државјани биле приведени под сомнение за учество во организирање нелегален транспорт на мигранти, а по криминалистичката обработка биле предадени на Службата за работи со странци на БиХ.

Федералната управа на полицијата поднела извештај до Обвинителството на БиХ против три лица – двајца кинески и еден пакистански државјанин, поради сомнение за организирање група за криумчарење мигранти.

Од полицијата информираат дека истрагата продолжува, а во координација со Обвинителството се преземаат активности за идентификување на сите лица поврзани со случајот и целосно документирање на кривичните дела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk